|
Автомобилизам
|
|
Понеделник, 02 Ноември 2009 00:45 |
 Освен благиот facelifting, GT-R за 2011 година опремен е со унапредена...
суспензија, попроточен катализатор и Carwings навигација со напредни мултимедијални содржини. Откако беше претставен кон крајот на 2007-та, GT-R досега претрпе неколку помали промени, од кои најзначајни беа оние од минатата година. Во декември 2008-та беа благо модификувани моторот и суспензијата.

За следната година направен е нов facelifting, но и неколку помали механички зафати како што се суспензијата, издувниот систем и мултимедијата на автомобилот. Напредната Carwings HDD навигација е опремена со бројни забавни функции, USB приклучоци, а може да се поврзе и со iPod.

Преработката на суспензијата треба да обезбеди подобра комуникација на автомобилот и возачот, кој ќе има подиректен осет и подобри повратни информации од улицата. И амортизерите и бандажите се поцврсти, но како тоа ќе влијае на управувањето, сепак треба да се провери во пракса.

Унапреден е задниот дифузор, односно истиот е пренесен од верзијата SpecV на основниот модел. И SpecV за 2011-та е опремен со преработен систем на суспензија, а освен Bridgestone гумите кои се испорачуваат фабрички, достапни се и Dunlop.

Двата модела имаат вградено попроточен катализатор, кој го намалува отпорот и овозможува подобро дишење на 3.8 V6 twinturbo моторот.
|