| Најексклузивното пиво |
| Свет | |||
| Четврток, 11 Март 2010 12:18 | |||
![]() Во светот се произведени само 1.000 шишиња од пивото... "Jacobsen Vintage 3", едно од најексклузивните пива на светот. Љубителите на пивото сигурно ќе се воодушеват од "Vintage 3", третото продолжение на единствената пивска триологија на "Carlsberg". Произведено е во ограничена количина од 1.000 шишиња од по 370 милилитри, а цената од 380 долари го прави најскапо пиво на светот. Како и неговите претходници, "Vintage 3" е пивски предизвик за категоријата на врвни вина. Во развојот на ова пиво соработувале пивски мајстори од шест европски пивари, а по готвењето и ферментацијата во пиварата Кроненбург, "Vintage 3" зреело во буриња од француски даб. На врвот од овој процес е добиено така нареченото "Pale Barley Wine", пиво со 15% алкохол, чиј вкус останува ист најмалку 50 години. Сите 1.000 шишиња од ова пиво се рачно наполнети и затворени, а на нив рачно се залепени и етикетите на кои данските уметници си поиграа со концептот на фиктивниот град на "Carlsberg". Освен во ексклузивните дански ресторани и пиварите "Jacobsen" во Копенхаген, "Vintage 3" ќе може да се купи и на официјалната интернет страна на производителот.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||










EUR
USD
CHF
GBP























