| Со танц во потрага на мажи |
| Свет | |||
| Четврток, 11 Март 2010 12:21 | |||
![]() Група на маскирани девојки предизвикаа љубопитност... кај граѓаните во Гуанџу (Кина), поради танцот на улица во интимна долна облека, се со цел да најдат мажи. Осумте млади девојки се пожалија дека се изложени на интезивен притисок од членовите на семејството кои настојуваат да ги натераат да се "снајдат" додека не е прекасно. Девојките на мажите им делеа ливчиња со личните податоци, надевајќи се дека некој од нив ќе се согласи да се ожени со нив. На ливињата биле испишани паролите: "Ожени ме", "Мајка ми ме тера да се мажам", "Времето лета, да го одредиме датумот на свадбата"... Ксиао Ксуан, една од учесничките во лудата игра појасни: "Мислиме дека сме убави, но дека не можеме да го пронајдеме вистинскиот Господин. Се доближуваме до триесетата година и мораме нешто да направиме". Шоуто привлече стотина луѓе кои аплаудираа и се сликаа со девојките.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||










EUR
USD
CHF
GBP























