| Футуристичка јахта од "Hermes" |
| Свет | |||
| Сабота, 13 Март 2010 21:51 | |||
![]() Модниот бренд "Hermes", добро познат по ташничките и... свилените шамии од по 4.000 евра, влегува во нов луксузен бизнис - револуционерни јахти. Француската компанија во соработка со бродската компанија "Wally" лоцирана во Монако, ja креираше јахтата "WHY 58x38" чија цена на изградба е околу 100 милиони евра. Архитектот Мауро Скули објасни дека неговиот дизајн нуди простор за патниците, за уживање, за релаксација, а не за само за транспорт. Двете компании, минатиот месец во Анкона (Италија) го открија моделот направен во реална големина - 38 метри, од кој можеше да се стекне вистинска престава за тоа што не очекува. Чудниот дел во дизајнот на оваа револуционерна јахта е соодносот меѓу ширината и должината, што воопшто не е својствена за денешните луксузни јахти. Затоа, јахтата на "Hermes" нуди палуба широка 30 метри, опремена со џакузи и традиционална турска бања. Уживање сигурно ќе има, само останува да дочекаме оваа револуција да заполови во монденските одмаралишта ширум светот. Инаку ова е прв дизајн на јахта од "Hermes", кои претходно дизајнираа ултра луксузен хеликоптер и ограничена серија на "Smart" автомобили.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||














EUR
USD
CHF
GBP























